Google има СКРИЕНИ списоци со вашите активности: Еве како да ги пронајдете и прегледате податоците
Комплетна процедура за сите корисници
Google знае повеќе за вас отколку што мислите! Системот вклучува детални списоци за следење активности кои веројатно никогаш не сте ги погледнале.
Денеска ќе ви објасниме како да ги пронајдете и исклучите доколку сакате.
За почеток, Google го знае вашето име и датум на раѓање, доколку сте решиле да споделите чувствителни податоци.
Тука се и вашите онлајн активности, како што се веб-пребарувања, видени клипови на YouTube или преземени апликации, пренесува The Sun.
Повеќето од податоците се зачувани во Google Dashboard.
Одредени информации се користат за персонализирање на корисничкото искуство. Google го креира и вашиот рекламен профил, со цел да го стесни изборот на реклами.
Тоа не е лоша опција, бидејќи ќе гледате реклами кои ве интересираат, иако застапниците за приватност имаат поинакво мислење.
Можно е да ја исклучите опцијата „Персонализација на реклами (Ad personalisation)“
Како да ги најдете податоците?
За да ги видите собраните податоци, отворете го профилот на Google. Потоа кликнете на Управување со вашата сметка на Google > Приватност и персонализација односно Manage your Google Account > Privacy & Personalization.
Овде ќе ги најдете вашите онлајн активности, вклучително и „Историја на гледање и пребарување на YouTube“ и „Maps timeline“.
На дното има и опција „Преземи или избриши ги твоите податоци“. Google ќе ја објасни постапката за добивање на целосен извештај („Добијте резиме на податоци на веб-страницата на вашата сметка на Google (Get a summary of data in your Google Account webpage)“).
Како да се „сокријат“ активностите?
Се разбира, можно е да се спречи Google да собира и складира многу информации во иднина.
Кликнете на Приватност и персонализација > Поставки за историја > Активност на веб и апликации односно Privacy & Personalization > History settings > Web & App activity.
Овде ќе ја најдете опцијата On/Turn Off.
Ако сакате, можете да ги исклучите „Историја на локација“ и „Историја на YouTube“.
извор:objektiv.rs