Грам меур чини повеќе од злато: Рибата наречена морски кокаин
Еден грам мочен меур на оваа риба чини повеќе од злато, а заради нејзниот нелегален риболов ќе исчезне сосема друг вид нa риба!
Во традиционалната кинеска медицина, се верува дека мочниот меур на рибата totoabа има чудесни лековити сили и е најпознат како лек за артритис, циркулација и проблеми со кожата, па дури се смета за „секс лек“ затоа што се вели дека ја зголемува потенцијата и плодноста. Килограм месо на црниот пазар чини дури 22.000 долари, а мочниот меур достигнува и до 80.000 долари, соборувајќи ја „цената на златото и кокаинот„.
Додека овие тврдења за здравите бенефити од рибата се научно неосновани, тоа не ги спречува мексиканските и кинеските мафии да прават десетици илјади долари во нелегална трговија, открива документарниот филм „Нацинална Географија“- „Море на сенките“.
Единствениот дом на рибата totoabа е Кортезовото Море, кое го одделува Калифорнискиот Залив од Мексико. Но, како резултат на ловење на оваа риба, умира калифорниската риба локално наречена како vaquitas (поради очите кои личат на оние од крава, нареена уште и кравичка). Предвидено е дека видот може да исчезне целосно во наредните 12 месеци, а тоа што го убива е ловот на „морскиот кокаин“, или рибата totoabа со која го дели своето живеалиште и затоа завршува во нелегални мрежни за риболов.
Се верува дека се останати само уште 15 единки, а потребна е итна акција за зачувување на видовите, предупредуваат истражувачите од универзитетот Св. Ендрус. Тие додаваат дека овој вид едноставно не може да се одгледува во заробеништво.
Рибарите нелегално фаќаат totoaba со помош на ' gillnet мрежа', и бидејќи дата видови на риби се со иста големина, често завршуваат како улов.
И покрај фактот дека мексиканските власти ја забранија употребата на мрежата на „gillnet“ пред две години, нелегалниот риболов се’ уште трае.
Режисерот Ричард Ладкани пред присутните на лондонската премиера „Море на сенките“ им рече: „Треба како народ да се разбудаме и да сториме што можеме. Секој од нас може да направи промена и да влијае на целата планета“.
Запрашан дали мексиканската морнарица направила доволно за да помогне во заштитата на рибите и да ја елиминира мафијата во морето, Ладкани откри дека се соочил со заменикот-адмирал кога камерата не снимала.
"Тој ми рече дека ја отстранил камерата затоа што овие луѓе знаат каде живеем. Тие го знаат името на мојата ќерка, името на мојата сопруга, тие знаат сè за нас. Ако направиме нешто со нив, тие ќе дојдат по нас и ќе не убијат. И не само ние, туку и нашите семејства, затоа и не ги гониме “, пренесува The Sun.
Факти за рибата Vaquitas - Калифорнија
Припаѓа на групата китови тесно поврзани со делфините, но е најмала од целото семејство. Обично растат на еден и пол метри во должина и живеат само во најсеверните води на Кортезовото Море во северозападен Мексико.
Научно е запишана како вид уште од 1950 година, а првите записи се создадени откако нејзини остатоци беа пронајдени на брегот. Vaquitas е исклучително срамежлива и тешко може да се фати - така што првата фотографија од неа е направена дури во 80-тите години.
Како делфините, тие се движат со ехолокација, а научниците користат ехолокација за да го проценат нивниот број. Спроведени се три големи визуелни студии за да помогнат во проценката на популацијата .
Во 1997 година имало 567
До 2008 година, тој број се намали на 245
Во 2015 година, проценети се помалку од 60
Во 2016 година, се намали за 50%- на само 30 животни
Најновите истражувања велат дека сега се останати само шест единки