ГРЕШКА на НАУЧНИЦИТЕ ЈА ОТВОРИ ВРАТАТА НА ПЕКОЛОТ: Во Туркменистан се наоѓа огромна дупка која гори веќе 45 години
Оваа дупка не е дело на природата, туку е последица на несреќа на ископување (бушење) на природен гас на Советскиот Сојуз, чија експлоатација започна во 1950-тите.
Среде пустината Каракума, во близина на селото Дарвазе во Туркменистан, има дупка со дијаметар од околу 72 метри и длабока околу 30 метри. Во внатрешноста на таа дупка, која мештаните ја нарекоа „Порта на пеколот“, огин гори веќе 45 години.
Дупчењето на тоа место, во 1971 година, предизвикало пропаѓање на подземната пештера, формирајќи толку голема и длабока дупка од која потекнувале огромни количини токсичен гас.
За да го запрат протекувањето на гасот, геолозите решија да го запалат. Сепак, советските научници направија голема грешка - гасот, кој требаше да гори за неколку недели, гори постојано од 1971 година.
Огнената дупка се наоѓа во центарот на Каракума, една од најголемите пустини во светот, која зафаќа 80% од територијата на Туркменистан. Водичите ги носат сите заинтересирани туристи на тоа место, каде има неверојатен поглед - пламените пробиле низ страните на кратерот, а топлината и звукот на огнениот елемент изгледаат застрашувачки. Температурата во самиот центар на дупката достигнува 400 ° C.
И покрај очигледната опасност, местото не е оградено, па похрабрите посетители можат да погледнат преку самиот раб, што може да биде многу опасно бидејќи песокот на рабовите повремено се распаѓа. Таа дупка, која се наоѓа на 270 км северно од главниот град Ашгабат, досега не ја виделе многу странци затоа што Туркменистан е многу изолирана земја. Сепак, туркменските власти се надеваат дека ќе успеат да го променат тоа и дека ова необично обележје ќе биде нивниот влез во светот на туризмот.