ГРОЗОМОРНО: Сопругот ја принудил сопругата да спие со 2.742 мажи!

За такви мажи само највисоки казни!

Судскиот процес за овој грозен случај започна во Франција, а насилникот живее во град северно од Париз со неговата сопруга и петгодишната ќерка.

Двојката беше во брак 10 години, а полицијата конечно го уапси. 

„Поради измама, обвинителството приведе еден човек чиј идентитет не е наведен и на кого му се заканува 10 години затвор“- велат од обвинителството.

Сопругот наоѓал клиенти за неговата сопруга и додека таа била во куќата тој и неговата ќерка биле пред автомобилот.

„ Создаде невидена психолошка тортура над жената и ја спречи да поднесе тужба до полицијата“, рече Еменјуел Дупи, обвинител.

Според изјавата на соругата, таа тврди дека ја терал да спие со 2.742 мажи за ситни пари и дека толку многу и било тешко што мислела да се самоубие, а не можела да каже ништо бидејќи сопругот и се заканил дека ќе ја убие, а претходно дека ќе ја мачи. 

Проституцијата е легална во Франција, но е забрането искористување. Насилниот сопруг, ги рекламирал услугите на жената преку четири веб-страници. Обвинителот смета дека тој заработил околу 6.500 евра месечно од сексот кој го имала неговата жена со клинетите.