ХАКЕРСКИ НАПАД го вознемири светот! На МЕТА организации кои се занимаваат со КОРОНАВИРУСОТ - СЗО, Фондацијата Бил Гејтс, но и контроверзната лабараторија во ВУХАН

Околу 25.000 електронски адреси на американскиот Национален институт за здравство, Светската здравствена организација (СЗО), фондацијата „Бил Гејтс“ и други организации вклучени во истражувањето и борбата против коронавирусот се хакирани, јавуваат странски медиуми.

Хакираната база на податоци, се наведува, содржи податоци и од лабораторија во кинескиот град Вухан, од каде потекнува вирусот.

„Вашингтон пост“ објави дека непознати активисти објавиле околу 25.000 адреси на електорнска пошта и лозинки преку Интернет, а откриени се од разузнавачката група SITE, која ги следи терористичките и екстремистичките организации на Интернет.

Австралискиот експерт за сајбер безбедност Роберт Потер вели дека можел да потврди неколку адреси и лозинки кои припаѓаат на СЗО, но забележува дека истите можат да потекнуваат од некој претходен хакерски напад.

„Здравствените институции традиционално се многу сиромашни кога станува збор за компјутерска безбедност“, рече тој.

Пробиените податоци се појавија на страницата 4chan, а потоа и наPastebin, но се раширија во групи на Телеграм.

Според извештајот на SITE, 9.938 сметки припаѓаат на Институтот, 5.120 на Светска банка и 2.732 на СЗО.

Протекоа и податоци од е- пошта на фондацијата на милијардерот Бил Гејтс, кој неодамна донираше 150 милиони долари за лабораторијата во Вухан.

СЗО е на мета на хакери од средината на март, а лозинките на вработените протекоа и на други страници, соопшти организацијата.