Халкбанк ги зголеми каматните стапки за штедење во денари

Халкбанк АД Скопје ги зголеми пасивните каматни стапки за депозити на физички лица. Имено, се коригираа каматните стапки кај Генералното штедење, за рок на штедење од 6 до 36 месеци и истите се зголемија до 0,3 процентни поени. Односно, ако за орочување од 36 месеци досега каматната стапка изнесуваше 1,20%, сега таа е 1,50%.

Рок на депозитот 

Претходни каматни стапки

Каматни стапки од 15.06.2022

МКД

МКД

6 месеци

0,10%

0,20%

12 месеци

0,30%

0,50%

13 месеци

0,40%

0,60%

24 месеци

0,90%

1,20%

25 месеци

1,10%

1,30%

36 месеци

1,20%

1,50%

Следствено на ова, се зголемија и каматните стапки кај производите Отворен депозит, кој е со рок на орочување од 12 месеци и кај Детското штедење, во сите рочности.

Отворениот депозит за физички лица нуди можност за повеќекратни уплати во текот на траењето на договорот за орочување и е идеален за оние кои штедат секојдневно, толку колку ќе посакаат и кога ќе посакаат. Кај овој производ новата каматна стапка за орочување на 12 месеци за штедење во денари изнесува 0,50%.

Кај Детското штедење кое преставува исклучително значајно за креирање на позитивни навики на штедење и обезбедување на добра иднина за децата, постои можност за орочување на 25, 36, 48 и 60 месеци. Новата највисока каматна стапка за овој производ сега изнесува 1,80% за штедење во денари на рок од 60 месеци. 

ПР објава