Халкбанк приреди несекојдневен уметнички сепктакл во Археолошки музеј

Вчера (14 декември) во Археолошки музеј на Република Северна Македонија се одржа еден несекојдневен настан, корпоративна изложба инспирирана од вечните идеи и креации во рамки на проектот „Трајни културни вредности“  во организација на Халкбанк АД Скопје.

Од Халкбанк потенцираа дека се горди на овој проект, започнат пред две години и крунисан со вчерашниот настан, корпоративна изложба на која беа изложени повеќе од 30 дизајнерски решенија, 20 графики инспирирани од трајните културните вредности, анимации и ликовна интервенција во просторот. Дизајните произлезени од богатата традиција, археолошкото наследство и уметноста беа внимателно инкорпорирани во брендингот на Халкбанк, отворајќи нови перспективи и градејќи врска помеѓу минатото и современоста. Преку квалитетот на делата, уникатното искуство, изложбата претставуваше една симбиоза на уметноста во целост, будејќи ги сите сетила.

Овој настан беше трансформативно мултимедијално доживување, кое понуди ексклузивна можност на гостите да се запознаат со трајните културни вредности, а присутните имаа привилегија исто така да уживаат во молекуларна гастрономија, што го збогати доживувањето на овој уметнички спектакл и прекрасните етно звуци на Добрила и Доријан дуо.

„Халкбанк, како општествено одговорна компанија, преку својот проект Трајни културни вредности, поттикнува одговорен однос кон наследството, особено ставајќи акцент на вистинските вредности и нивна афирмација.

Како искрени поддржувачи на сето она што е важно во општеството во кое работиме, ќе продолжиме да бидеме пријатели на културата, уметноста, младите, животната средина и ранливите категории, затоа што за нас ВАЖНИ СЕ ЛУЃЕТО“, истакна Билал Суџубаши, генерален извршен директор на Халкбанк АД Скопје.

Во присуство на значајни личности од бизнис секторот и општествениот живот оваа изложба ги восхити сите присутни и ги надмина очекувањата од  аспект на високо ниво на уметничко изразување и креативноста што ја прикажаа изложените дела.

„Халкбанк како компанија покажа исклучително важна општествена одговорност но и голема храброст во својата бренд стратегија да ги вткае нашите корени и да ја шири мисијата за важноста на нашите значајни трајни културни вредности. Важни се луѓето, важна е културата, тоа е и суштината на тимот кој и погледна храбро во очи“, велат од маркетинг агенцијата Ефектива.

Сите дела кои беа изложени, беа достапни за откуп од страна на присутните гости. Собраниот фонд, ќе биде директно уплатен на СОС детско село. На тој начин, со поддршка на уметноста, проектот добива и хуманитарен карактер, а со самото тоа и поголема вредност. 

ПР објава