ХАОС! Се ожени за кујнски апарат: Развод по САМО 4 дена БРАК бидејќи невестата знае да готви едно јадење, а имало и церемонија

Човек од Индонезија по име Коирул Анам доживеал 15-минутна интернет слава или како што популарно се вели станал вирален. Причината? Тој се оженил со Рајс Кукер (кујнски апарат кој готви ориз).

Овој човек на Фејсбук објави фотографии од својата венчавка. Младоженецот бил облечен во традиционален бел костум, а неговата „електрична мила“ имала бел превез.

Младоженецот со објава на Фејсбук објасни зошто се оженил со Рајс Кукер.


- Таа е бела, љубовна и послушна. Без неа, мојот ориз никогаш немаше да биде сварен – пишува Коирул.

Сепак, 4 дена по венчавката тој на истата социјална мрежа објави дека се разведува бидејќи таа готви само ориз.


- Тоа е моја одлука, донесена со голема тешкотија, но нема идеален партнер -


India Today наведува дека овој млад човек е познат по честите шеги кои ги прави за да ги забавува своите следбеници на мрежите, а овој пат успеал во тоа бидејќи неговата приказна ја пренесоа сите светски медиуми.


Фото: Фејсбук