Хаосот пред стартот на учебната година продолжува: Средношколците најгласни
Само еден ден пред официјалниот старт на учебната година, родители, наставници, ученици, сите се во хаос.
Многу од наведените се уште се бунат за онлајн наставата која ќе започне од утре, и бараат што побрзо да започне наставата со физичко присуство, особено средношколците.
Сојузот на средношколците ќе ја прифати онлајн наставата, порача денеска лидерот Бленди Ходаи, кој истовремено обраќајќи се од пред Министерството за образование и наука истакна дека ваков начин на настава прифаќаат се до моментот кога ќе се подобри епидемиолошката состојба во земјава.
-Во истиот момент кога ќе подобри епидемиолошката слика веднаш да се започне со настава со физичко присуство, порача Ходаи.
Од Сојузот на средношколците велат дека нивните предлози изнесени пред владините претставници се генерално прифатени, но според нив засега не е прифатено водедувањето на комбинираниот модел на настава, што според Ходаи е најважното нешто.
Ходаи истакна дека средношколците се свесни за моменталната состојба и самите ги следат препораките на епидемиолозите, меѓутоа онлајн наставата ја гледаат само како привремено решение.
Што значи дека не е прифатен комбинираниот модел за настава, средношколците ќе бидат онлајн, но само додека не се подобри епидемиолошката слика.
Во некои од училиштата средношколците најавуваат и бојкот на наставата.