Хари денес слави роденден: Принцот низ годините

Пред 36 години, принцезата Дајана на свет го донесе нејзиното второ дете. Внукот на кралицата Елизабета II, го доби името Хенри Чарлс Алберт Дејвид Маунтбатен-Виндзор. 

На почетокот на оваа 2020 година, принцот Хари и неговта сопруга, актерката Меган Маркл соопшија дека се откажуваат од кралските титули. Пред неговото официјално повлекување од кралското семејство, тој беше шести по ред на британскиот трон.

Хари завршил во најпрестижното приватно училиште во Итон, а високото образование го добил на Кралската воена академија Сандхурст.

Кај принцот Хари, не може а да не ја забележите неговата насмевка, тој секогаш е насмеан.

Принцот Хари - 2008 година

Заедно со неговиот брат Вилијам, принцот посветува многу време на добротворни организации. Тие ги следат стапките на нивната мајка Дајана, која Хари ја изгуби кога имаше само 13 години.

Принцот Хари - 2009 година

Принцот Хари - 2010 година

Принцот Хари - 2011 година

Принцот Хари - 2012 година

Принцот Хари - 2013 година

Принцот Хари - 2014 година

Пред неколку години, принцот изгледаше како љубител на луди забави, што го привлече вниманието на таблоидите, а неговите постапки потоа го доведоа кралскиот двор во непријатна положба. Сепак, Хари во својата трета декада од животот влезе како многу позрел човек, сериозно посветувајќи им го животот на војската и добротворните цели.

Принцот Хари - 2015 година

Принцот Хари - 2016 година

Принцот Хари - 2017 година


Долго време, печатот го нарекуваше „најпосакуваниот ерген во Британија“, но тоа се смени, по појавувањето на американската актерка Меган Маркл. По нивната прекрасна венчавка во мај 2018 година, двојката е скоро неразделна. Двајцата го кршат кралското правило држејки се за рака или кога разменуваат бакнежи за време на јавни настапи, за разлика од другите аристократски парови.

Принцот Хари и Меган Маркл - 2018 година

На 6 мај 2019 година, принцот Хари стана татко на момче кое, заедно со војвотката од Сасекс - Меган Маркл, го крстија Арчи Маунтбатен-Виндзор. 

Принцот Хари, Меган Маркл и Арчи - 2019 година


Во јануари годинава двајцата објавија дека се повлекуваат од своите кралски должности и се преселија во САД.

Принцот Хари, Меган Маркл и Арчи - 2019 година


По повод неговиот роденден, палатата Кенсингтон објави убава фотографија од принцот Хари, принцот Вилијам и Кејт на Инстаграм, посакувајќи му среќен празник. 


Фото: Инстаграм и Getty

Можеби ќе ве интересирса:

Со кого спиеше Принцот Хари пред Меган: Тие не сакаа да бидат принцези

СОСЕДИ ОД ПЕКОЛОТ: Никој не ги сака Меган и Хари во близина