Херојот стоматолог Д-р Жикица Ѓорѓиевски не запира: Бесплатни услуги за децата од ранливите категории
Здравје за сите, достоинствено детство, еднакви здравствени и социјални услуги...
И кога некој од бизнис заедницата ќе ги препознае иницијативите и заложбите на ентузијастите
од Здружението за поддршка на социјално загрозени категории на лица 3D FENIX AID кои работат
на интеграција на социјално ранливите категории во општеството во сите сфери, а
тоа е признат поединец во општеството кој подолго време вложува во обезбедување
на бесплатни стоматолошки услуги за
социјално ранливите категории на граѓани ветува соработка со многу заеднички активности.
Соработката на тимот на 3D FENIX AID и Поликлиниката на примарно ниво ПЗУ Д-р Жикица Ѓорѓиевски од Скопје обезбедуваат стоматолошки бесплатни услуги за социјално ризичните категории на лица.
Првата заедничка активност е организирање на “Недела за здрава детска насмевка“ од 21- 26 септември, 2020 во Поликлиниката на д-р Жикица Ѓорѓиевски, за децата од социјално ранливите групи, децата од претшколска и школска возраст, односно сите деца и нивните родители кои водат грижа за денталното здравје. Со тоа сакаат да дадат придонес во подигнувањето на свеста за редовни стоматолошки прегледи и грижа за детското орално здравје.
Децата ќе добијат и симболични подароци од Здружението 3D FENIX AID, како и од спонзорот на настанот Pope Company. Поддржувач на настанот е Друштвото на доктори по дентална медицина од Македонија.
Донирај насмевка, донирај среќа- нека биде инспирација и на други општествено одговорни компании кои може да се приклучат на иницијативата на Здружението за обезбедување еднакво и правично општество за сите категории на лица од сите возрасти.
Здружението “3D FENIX AID“ во изминатиов период покрена иницијатива за собирање на донациии од општествено одговорните компании наменети за т.н. Интервентен фонд за социјално ранливите категории и се користат во согласнот со нивните потреби.
“Оваа иницијатива ја покренавме со цел придонес за полесно адаптирање на потребите на социјално ранливите категории особено во времето на пандемијата и пост-корона периодот. За жал се потврди дека овие категории први ги чувствуваат последиците во кризните времиња и се соочуваат со егзистенцијални проблеми поради губење на работно место, стигматизација поради заболувања од корона вирусот, оневозможен пристапот до основни здравствени и социјални услуги, проблем со продолжување на образовниот процес итн. Затоа, со општествено одговорните компании кои се дел од нашиот Донаторски промотор во изминативе месеци создадовме една основа за пружање на некои од елементарните потребите на лицата од ранливите категории. Така е и оваа соработка со стоматолошката поликлиника Д-р Жикица Ѓорѓиевски во овозможување на стоматолошки прегледи и интервенции. Се надеваме дека ова ќе биде поттик и за другите општествено одговорни компании да се приклучат на нашата акција, да бидат дел од Донаторскиот промотор каде има познати компании од фармацевтскиот, медицинскиот, услужниот сектор. Компаниите кои се вклучени во акцијата добиваат и простор за промоција на нашата интернет страница www.3dfenixiad.mk и други социјални медиуми, како и можност за меѓусебно вмрежување“, ни изјавија од Здружението за поддршка на социјално ранливите категории.
Во следниот период ќе бидат фокусирани за поддршка на социјално ранливите за полесен транзит во “новото време“ и подготовка за школската година на децата.