Хит снимката на шеикот кој збесна поради Роналдо: „Му дадов 200 милиони, а тој само кажува...“ ВИДЕО

Кристијано Роналдо не може да се пофали со старт од соништата во Саудиска Арабија.

Во првите два настапи под знамето на Ал Наср не остави значително влијание, а неговиот тим беше елиминиран во полуфиналето на Суперкупот со пораз од 1:3 од Ал Итихад.

На тој натпревар Португалецот имаше одлична шанса во првото полувреме, тренерот на Ал Наср Руди Гарсија изјави дека Роналдо можел да го смени правецот на играта доколку успеел да го искористи тоа.

Бидејќи не го стори тоа, мораше да се справи со критиките на одредени медиуми, а на интернет почна да кружи видео на кое еден од директорите на клубот наводно ја доведува во прашање исправноста на неговата одлука да му го понуди на Роналдо најбогатиот договор во историјата. 

На Роналдо потрошив 200 милиони евра, а тој знае само да каже „Сиуу““, коментира Саудиецот.

Во видеото, Саудиецот е прилично вознемирен поради спомнувањето на името на Роналдо додека го имитира ...

Погледнете го видеото:

ФОТО: ТикТок