Хорор приказна од супермаркет: Купил салата, добил гратис отровна змија (ВИДЕО)

 Алекс Вајт помислил дека видел голем црв во кесата со салата што ја купил во супермаркетот, но се шокирал кога го видел јазикот на змијата.

„Се преплашив кога видов како јазикот оди кон мене и кон палецот, а потоа сфатив дека станува збор за змија, бидејќи црвите немаат јазик. Се испаничив“, изјави денес Вајт, пренесе АП.

Станува збор за отровна змија, за која велат дека во пакетot зелена салата го „преживеала“ патот од фабриката Тувумба до Сиднеј, долг 870 километри.

Кога ја виделе змијата како се обидува да побегне, Вајт и неговата партнерка Амелија Нит ја покриле со амбалажа.

Вајт ја повикал спасувачката организација Верс и дошол експерт и ја одзел змијата.

Пред да пристигне експертот за змии, Вирс му рекол на Вајт дека ако змијата го касне, мора многу брзо да стигне до болницата.


Фото и Видео: Youtube/SkyNews