Храбо момче: Никола од Скопје го победи ракот по една година лекување

Победа на Никола Ѓорѓиев...

За 20-годишниот Никола на кој му беше дијагностицирана малигна неоплазма, миелоидна лоза, редок вид на канцер на коските се обедини цела Македонија со една цел, Никола да ја победи болеста.

По скоро една година лекување во Турција, Никола ја победи болеста.

Никола со потекло е од скопското село Црешево, нема родители и живее со неговите баба и дедо.

Тешката животна судбина како да била малку за Никола, па животот му постави уште една тешка битка во која тој е победникот.

Втората контрола во Турција, покажала дека во неговото тело нема повеќе метастази.

Убавата вест со фотографии ја објавија Жаклина Пешевска и Бобан Стефковски, градоначалник на Општина Гази Баба.

<iframe src="https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FStefkovskiB%2Fposts%2Fpfbid02hT6Zdai5QywwPwo6sVX4o6tr6rteLXupkupoC4EgrcLqgSGNrfEwQe87ENd57uFJl&show_text=true&width=500" width="500" height="565" style="border:none;overflow:hidden" scrolling="no" frameborder="0" allowfullscreen="true" allow="autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share"></iframe>

„Младиот Никола ја победи болеста. Со голема радост сакам да објавам дека штотуку разговарав со младиот Никола кој се наоѓа на лекарски прегледи во Турција и ме извести дека и при оваа контрола е утврдено дека е излечен и во неговото тело нема повеќе метастази. Ова е втора контрола со која на Никола му се констатира истото. Ова е победа на сите хумани луѓе! Во хуманоста за Никола се обединивме сите и јас од срце им благодарам на сите оние кои донираа“ – напиша Стефковски.

<iframe src="https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fphoto.php%3Ffbid%3D908763944596870%26set%3Da.314001140739823%26type%3D3&show_text=true&width=500" width="500" height="250" style="border:none;overflow:hidden" scrolling="no" frameborder="0" allowfullscreen="true" allow="autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share"></iframe>

Фото: Фејсбук