Храброст или лудило: Крадци ограбиja руски стратешки команден авион (ВИДЕО)
Се чини неверојатно, но крадците успеаја да упаднат во рускиот воен авион Ил-80, кој служи како стратешки команден авион во случај на нуклеарен конфликт.
Фактот дека авионот се сервисирал, во регионот на Ростов, укажува на тоа дека грабежот се случил во областа на централата „Беријев“.
РИА Новости објави дека полицијата разговарала со претставниците на таа компанија. Портпарол на Министерството за внатрешни работи потврди дека истрагата е во тек.
Флотата на авиони Ил-80 (познати се четири такви авиони) вообичаенo e стационирана во близина на Москва. Тие се дел од специјализирана единица.
Во случај на нуклеарна војна, авионите Ил-80 би биле користени за превоз на руски официјални лица, вклучувајќи го и претседателот, кој инаку се потпира на цивилна организација за нејзиниот воздушен транспорт. Ил-80 има заштита од ефектите на нуклеарното зрачење, а дел од командниот систем на руските нуклеарни сили е интегриран во него.
Претседателот има можност да нареди лансирање на интерконтинентални балистички ракети, од копно или море, или да донесе други важни одлуки.
извор:alo.rs