Хрватски сеизмолог објаснува како зградите во Турција доживеаја колапс и дали земјотресите можат да се предвидат

Хрватскиот сеизмолог Крешимир Кук за Фактор објаснува дека во Турција имало пропусти при градењето на објекти и тоа доведе до уништување на огромен број живеалишта, по разорниот земјотрес од 7.8 степени кој се случи пред десетина дена.

За земјотресот со јачина од 7.8 степени во Турција, вели дека е еден од најсилните на тоа подрачје.

„Магнитудата  е физикална јачина која е директно поврзана со енергијата ослободена при потресот. Вредноста на магнитудата од 7.8 степени по Рихтер е најдобар показател дека се работи за голема количина енергија која преку сеизмички бранови, потреси ослободила голем дел на мало епицентрално подрачје и тоа ги оправдува големите разорувања кои овој потрес ги направи. За да можат зградите да ги издржат силите кои против нив делуваат при вакви земјотреси, тие мора да се градени по законите и принципите на градба отпорна на земјотреси. Голем број од старите објекти, старите згради, посебно на подрачјето на Сирија, за жал немаа ни теоретски шанса да го издржат овој потрес. Модерните згради, кои се неодамна изградени, мораа да бидат направени на начин да мораат и можат да одолеат на ваков силен потрес. Турските колеги сеизмолози добро и прецизно ги пресметале сите прецизни сеизмички параметри. Повеќе на Фактор.мк