И додека дебелите богаташи не можат да се изнајадат, деца во рудник работат за два долари дневница: Каде отиде светот?

За најсиромашните од сиромашните, кои живеат и работат на најбогатата планина во Боливија, впечатокот е дека никогаш нема да имаат корист од тоа. Најголем дел од профитот оди кај компаниите.

 Покриено со прашина и пот, секое дете вади од 35 до 40 товари на површината на ден во петчасовна смена.

Во 500-годишните рудници на Серо Рико во Боливија се правело сребро од кое се збогатила Шпанската империја. Рудниците сега се пресечени со тунели, а планината во која се наоѓаат стана смртоносна замка за мажите и момчињата кои работат таму и кои му се молат на ѓаволот да ги спаси. The Devil’s Miner е документарен филм за 14-годишниот Басил Варгас и неговиот 12-годишен брат Бернардин, кои работат во рудник за да се издржуваат себеси и нивната самохрана мајка.

„Целиот развој на маркетингот, технологијата, човештвото воопшто, е изграден на човечката слабост. Колку би било добро напредокот на човештвото да се гради на човечка сила. Залудно е сето облекување, јадење, пливање, скијање и сликање додека се таму некаде се уште луѓе кои немаат ништо 

„Додека децата работат во рудникот за дневница од два долари, дебелитете богаташи јадат ракчиња и пијат шампањ, фудбалерите заработуваат 200 милиони, а ние ручаме, пиеме и тивко се сликаме. Ништо нема смисла“.