И додека си се снимаа, возило се заби во нив: Каков шок

Нејтан Ривс снима својот подкаст во слободното време, но петтата епизода ќе ја памети до крајот на животот. Имено, тој и Алексеј Рејес, пријател и фотограф, снимале епизода од подкастот во Tout Suite, кога нивната камера снимила шокантна и драматична сцена.

Дуото седеше покрај прозорецот и разговараше и снимаше подкаст кога во нив удри автомобил. Поточно возилото удрило во стаклата зад нив и ги „проголтало“ двајцата пријатели.

Шок и неверување


„Само разговаравме во камерата и автомобил удри во задниот дел од нас. Во моментов сум во шок. Не сум сигурен што се случува“, изјави Рејес за KTRK-TV.

„Бев избезумен, се свртев кон сите во кафулето и реков: „Сето тоа го снимив.“ Сите видоа што се случи, раскажува Ривс..

Дуото се спасило без поголеми повреди, а истакнале дека и семејството од возилото е во добра состојба.