И Македонија е запишана во Гинисовата книга на рекорди: Но, по што?

Гинисовата Книга на Рекорди е референцијална книга која се објавува секоја година, и ги содржи меѓународно познатите колекции на светски рекорди во кои се вклучуваат сите човечки достигнувања, како и екстремите на живиот свет. И самата по себе држи светски рекорд, како најпродаваната книга со авторско право на сите времиња.

Првото издание со 197 страници било издадено на 27 август, 1955, набрзо станувајќи најпродаваниот бестселер во Британија до Божиќ. „Не очекувавме дека оваа книга ќе стане творец на пари,“ изјавил Бивер, кој е е основач на идејата за оваа интерсна книга.

А, до сега се отпечатени огромен број на изданија и скоро секоја година се постигнуваат рекорди во се’ и сешто, па многу е тешко да се собере се‘ на едно место, а да биде веродостојно. Има мал милион категории, од луѓе кои пијат отрови, најиздржливи во екстремности за кои не е можно ни да се замисли дека човек може да ги совлада, до спорт, музика, филм... Всушност, скоро и да нема нешто кое не е опфтено, а при тоа за истото тоа нешто да е поставен светски рекорд.

И во морето од рекорди, не може, а да не бидеме и ние носител на еден. Всушност се повеќе...

Вики и Стојан Давчеви успеале да постават рекорд во варење грав. Биле сварени 3,150 килограми грав, во селото Сарачиево, и овој рекорд бил за речиси 2,000 килограми повеќе од претходниот рекорд. Ете, ако не ни беше гравот, не сме сигурни дека ќе постигневме рекорд.


Александар Смилков и Александар Чекоров се гинисови рекордери во дисциплината „Најголема далечина помината со туркање автомобил од двајца луѓе во период од 24 часа“. Рекордот е 95,07 километри. Тие на 13 и 14 декември 2014 година во Спортскиот центар Форца туркале „Даеву Матиз“.

Една двојка, таа Македонка, тој Италијанец се асолутни рекордери во неколку дисциплини. Јулијана Јанковска и Силвио Саба поставија рекорд- 2,66 секунди успеале да излупат варено јајце, токму во Струмица. 

Највисоката конструкција изградена со испреплетени пластични тули за една минута (тим од четири члена) е 60 тули и ја постигнаа Јулијана Јанковска (Македонија), Силвио Саба, Лука Куцовиило и Рафаеле Мињано (Италија) во Родано, Милано, Италија, на 20 мај, 2019 година

Највисоката конструкција изградена со испреплетени пластични тули за една минута (тим од двајца) е 65 тули и ја постигнаа токму Јулијана и Силвио, во Милано, Италија, на 9 мај 2020 година.

Мораа да користат една рака за да ја изградат кулата. Кулата достигна висина од 62,4 см.

Фото: Guinness World Records, Twiter