И ова е можно: Неочекуван гостин, мечка им заѕвони на ѕвончето доцна во ноќта

Обично, никој не им sвонел толку доцна, па пред да ја отворат вратата погледнале во снимките од безбедносните камери и имале што да видат.

Едно семејство од Калифорнија објави видео од надзорните камери на социјалните мрежи, кое го снимил моментот кога две мечки заѕвонеле кај нив на вратата. „Околу 22 часот слушнавме ѕвонче. Бидејќи живееме во тивка населба, беше малку чудно некој да заѕвони толку доцна. Затоа го игнориравме ѕвончето, мислевме дека играат некои деца “, изјавила жената што го објави видеото на социјалните мрежи.

„Но, кога заѕвони ѕвончето по втор пат, дојдов во дневната соба кај сопругот, па решивме да погледнеме во безбедносната камера за да видиме кој ѕвони. Кога видовме две мечки како ѕвонат кај нас, пукнавме од смеа. Конечно ја отворивме вратата само кога мечките заминаа “. Видеото што семејството го сподели на социјалните мрежи можете да го погледнете подолу:


Видео: ViralHog

Можеби ќе ве интересира:

Уживаа во водата, но тогаш им се придружи неочекуван гостин: Спасувачот почна да пука (ВИДЕО)

НЕПОЖЕЛНИ ГОСТИ: Два џиновски питони влегле низ покривот во куќата на Австралиец (ВИДЕО)