И ова го има: Политички кандидати користат кучиња скитници како подвижни реклами, активистите лути! (ВИДЕО)

Тие велат дека прават добро дело ...

Изборите во индиската држава Утар Прадеш кренаа голема прашина на Интернет последните денови.

Причината е што некои политички кандидати користат кучиња скитници како подвижни реклами, поточно, тие лепат и закачуваат рекламни постери на нив и ги оставаат да шетаат по улиците така. Досега се видени реклами за најмалку двајца кандидати, по еден од провинциите Рае Барели и Бали, пишува Одити Централ.

Фотографиите кои кружат на Интернет ги налутија активистите за заштита на правата на животните, но еден од двајцата кандидати не се сомнева во неговата одлука. „Не постои казна за забрана за употреба на кучиња скитници во кампањата. Ние не ги повредуваме или злоупотребуваме на кој било начин. Всушност, ги храниме секој ден. Тоа е благородна идеја и на гласачите им се допаѓаат ваквите иновации", рече кандидатот .

„Како би се чувствувал човекот ако му залепиме лепенки на лицето за време на предизборната кампања? Само затоа што животно не може да протестира не значи дека треба да се однесуваме така. Полицијата треба веднаш да реагира на ваквите работи", одговори активистката Рина Мишра.


Видео и Фото: Youtube