И овие чудовишта живеат со нас на земјава: Како да се од друга планета
Многу малку луѓе знаат што демне во најдлабоките делови на океанот, но еден човек што сигурно знае е Роман Федорцов. Последниве неколку години, овој рибар се „бори“ со разни застрашувачки суштества во длабочините на морето, кои потоа ги фотографира за да ги види светот. Сликајќи се‘, од ајкули со чуден изглед до кошмарни чудовишта, фотографиите на Федорцов поттикнуваат фасцинација и страв од морската или океанска длабочина, една од најмалку истражуваните области во светот.
Да бидаме појасни, Федорцов не ги убива овие суштества како трофеи. Преку својата работа на руската риболовна заедница, тој во своите мрежи наидува на овие застрашувачки животни од длабокото море. Потоа ги каталогизира секоја на Твитер и Инстаграм, понекогаш барајќи помош за идентификација. Неговите фотки, од кои некои прикажуваат суштества што никој се‘уште не ги идентификува, станаа лудо вирални. Но, без оглед на нивната научна класификација, овие застрашувачки животни се квалификуваат како кошмарни.
Погледнете:
Извор: Ranker, Фото: Instagram profil Роман Федорцов