И по две децении, контроверзи за убиството на Зоран Ѓинѓиќ: Операцијата „Сабја“ даде резултати, но не и политичка заднина
Точно во 12:25 часот, на 12 март 2003 година, беше убиен Зоран Ѓинѓиќ, тогашен премиер на Србија. Тој беше убиен одзади кога излегол од службеното возило БМВ и се упатил кон влезот на зградата на Владата
Тој беше погоден од снајпер, а покрај итно патување во Ургентниот центар и обидите на лекарите да го реанимираат, Зоран Ѓинѓиќ трагично го загуби животот на 50-годишна возраст.
Во земјава веднаш беше прогласена вонредна состојба и започна полициската акција „Сабја“ во која беа уапсени или повикани на информативен разговор 11.000 лица, а идентификувани се 44 лица како членови на Земунскиот клан кои учествувале во убиството. Нивното испрашување траеше деноноќно, а на 27 март беа убиени Душан Спасојевиќ познат како Шиптар и Миле Луковиќ Кум, водачите на озлогласениот клан и нарачателите на убиството. Судот подоцна утврди дека планот за убиство го смислиле Милорад Улемек Легија, тогашен командант на Единицата за специјални операции, и Душан Спасојевиќ, а Ѕвездан Јовановиќ, поранешен припадник на ЈСО, пукал од снајпер.
И по две децении по убиството, овој трагичен настан е проследен со контроверзи. Учесниците беа осудени на најтешки затворски казни, а нивната политичка заднина никогаш не беше докажана.
Никогаш нема да биде јасно дали убиството можело да се спречи или зошто безбедносните служби не презеле максимална заштита по повеќе од очигледни предупредувања?
За богатството на водичот на паравоената српска војска Аркан се зборуваше и во акцијата „Сабја“ по атентатот на Џинѓиќ. Тогаш беше извршен претрес во куќата во која живее Цеца Ражнатовиќ, а полицијата пронајде бункер под базенот во кој беше откриено складиште за оружје.