И покрај карантинот, Холанѓаните може да купат марихуана
Додека повеќето во Холандија се ставени во карантин, консумеритена марихуана ја поздравија веста дека „кафулињата“ се отворија повторно.
Сите продавници за канабис и хашиш мораа да се затворат, заедно со секс-клубовите и сауните, кога холандската влада наметна мерки на 15 март за да се запре ширењето на епидемијата „Ковид-19“.
Оваа одлука создаде голема гужва пред кафулињата додека корисниците на марихуана побрзаа да прават резерви.
Ограничено повторно отворање е дозволено да се избегне продажба на нелегални лекови и да се обезбеди дека канабисот може да се купи во медицински цели.
Сепак, со оглед на границата за собирање на луѓе, на купувачите повеќе не им е дозволено да останат во продавницата и да испушат џоинт, туку треба тоа да го направат надвор.
„Видовме дека луѓето влегуваат и има навалица во кафулињата за да купат нешто“, рече градоначалникот на Нијмеген, Хуберт Брулс во интервју.
„Следниот ден решивме, заедно со Владата, дека луѓето можат барем да купат нешто“.
Брулс рече дека холандските власти сакале да ја избегнат ситуацијата продажбата да ја превземе подземјето или дрогата да се продава на црниот пазар.
„Изборот е меѓу двете зла бидејќи можете да кажете дека ќе се затвори кафулето, но тогаш сигурно знаете дека ќе се врати нелегалната продажба“, објасни тој.
Во кафулето „Џет сет“ во Нијмеген на истокот на земјата се преземени мерки на претпазливост за да се заштитат купувачите и продавачите од евентуално инфицирање на едни со други.
„Можеме да им забраниме на луѓето кои кашлаат или киваат“ да влезат, а однадвор има натпис „Треба да ги дезинфицираме рацете на влезот“.
„Имаме еден куп луѓе што го користат сево ова за медицински цели: за олеснување на болката, луѓе со мултиплекс склероза или хемотерапија, кои навистина користат вакви сретства“, рече Стен Есмајер, сопственик на кафе-продавница „Кронкел“, веднаш до кафулето Џет сет.
"Исто така, обезбедува малку релаксација. Особено во овие времиња, добра е идејата да имате моменти кога можете да се опуштите. Некој тогаш ќе се напие пие, а некој ќе запали џоинт", рече тој.
Холандија дозволува продажба на мали количини канабис, со пониски стапки на употреба отколку во многу други земји.