И покрај разорниот земјотрес во Петриња, тлото повторно се тресе: Но погледнете како матурантите ја прославија својата матура во овој град

МАТУРАНИЦИ низ цела Хрватска го славеа последниот училишен ден.

Забави се одржувaa во Загреб, Сплит и Риека, а весела атмосфера е снимена на улиците во Пула, Дубровник и Шибеник. 

Матурантите од средното училиште „Петриња“, кои по разорниот земјотресот мораа да го напуштат своето училиште, дојдоа да се збогуваат од него на последниот училишен ден, а потоа прошетаа низ центарот на разурнатиот град.

И покрај целата голгота што ја поминаа, тие сепак гордо маршираа низ разурурнатиот град кој и денес не престанува да се тресе. Регистриран беше земјотрес од 3,5 степени по Рихтер со епицентар во близина на овој град.