И принцовите добиваат нервен слом: Хари однесен во психијатриска клиника?


Како што пишува магазинот „Глоуб“, состојбата на Хари се влошувала во текот на изминатите години, особено откако тој минал 10 години служејќи во армијата.

Повеќе странски медиуми ја пренесоа веста дека принцот Хари доживеал нервен слом и бил однесен во психијатриска клиника.

Според пишувањата на таблоидот, една од причините и била разделбата од кралското семејство односно тешкиот чекор на кој се одлучил за да ја заштити својата сопруга Меган Маркл од британската јавност и медиумите кои не се особено наклонети кон неа.

Тој во еден момент призна дека не сака неговата сопруга да мине низ она што и се случило на неговата мајка.

„Принцот и Меган се расправаа за тоа како би изгледал нивниот живот во САД кога ќе заврши карантинот, што го доведе до точка на пукање. Тој заврши во локалната клиника за ментални болести. Слушнав дека има синдром на пострауматски стрес, предизвикан од смртта на неговата мајка, а сегашната состојба и траумата поради разделбата од кралското семејство само ја влошила ситуацијата“, изјавил неименуван извор за таблоидот „Глоуб“