И тоа се случи: Со дронови против оние кои го прекршуваат правилото за карантин

Многу правила кои ги задаваат Владите во земјите погодени од коронавирусот, луѓето не ги почитуваат и со тоа се ставаат во ризик за себе и другите. Шпанија е една од земјите која има најмногу заболени од оваа болест. И таму граѓаните ги кршат мерките кои се строго пропишани од власите. Па наместо да седат дома во излоција, го прекршиваат тоа и излегуваат надвор или пак се собираат групно.А, движењето е забрането речиси во целост освен движењата кои не можат да се одложат.

Затоа, во борба со сите оние кои ги прекршуваат правилата, полицијата ги презема сите мерки, а една од нив надгледување на областите со дронови.

BBC сподели видео во кое шпанската полиција со дрон патролира, а полицаец преку звучник на дронот ги повикува граѓаните да останат во своите домови. Шпанија не единствената држава која користи дронови за справување со епидемијата. Претходно и Кина ги користеше за следење на граѓаните кои го прекршуваат карантинот.