Илјадници луѓе го бараа: Најдено е богатството сокриено пред 10 години

Илјадници луѓе во последните 10 години се собраа на Карпестите Планини-Rocky Mountains  во потрага по богатство исполнето со злато, рубини, смарагди и дијаманти. Но, таа авантура заврши, бидејќи богатството беше пронајдено.

Форест Фен, 89-годишен колекционер на уметност и антиквитети, кој го создаде ловот на богатството, објави на својата веб-страница во неделата. „Беше под крошна во бујна шумска вегетација на Карпестите Планини и не се помести од каде што го скрив пред повеќе од 10 години“, напиша Фен.

„Не ја познавам личноста која ги пронајде, но песната во мојата книга го донесе директно до богатството“.

Богатството го пронајде пред неколку дена еден човек кој посака да остане анонимен, изјавил Фен за Santa Fe New Mexican. Но, тој откри како човекот го потврдил откритието на богатството, вредно повеќе од милион долари, испраќајќи му фотографија.

Богатството беше начин Фен да ги охрабри луѓето да ја истражуваат природата и да им даде надеж на луѓето што се соочуваат со рецесија.

Тој ги скри трагите што доведоа до богатството во песната објавена во неговата биографија од 2010 година, „The Thrill of the Chase“.

Фен проценува дека 350.000 луѓе од целиот свет го барале неговото богатство. Имаше и такви кои дури и дадоа оставки за да се посветат целосно на богатството, а некои дури и починаа.