Илон Маск тврди дека рестораните го прават ОВОЈ РАСПОРЕД за да ве натераат да ТРОШИТЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ: „Тоа не е гест на љубезност, тоа е научно докажан трик што го користат!“
Можеби сте наишле на видео клипови од Илон Маск кои објаснуваат голем број интересни теории на заговор на интернет. Од големите успеси на познатите корпорации, преку античките народи, митологијата, вонземјаните и други чуда, до најобичните секојдневни работи како соништата и употребата на одредена храна.
Илон Маск се смета за гениј на современиот свет. Тој поради приватниот живот често е главна тема на жолтиот печат, но не остануваат незабележани ниту неговите дела од областа на технологијата.
Веќе некое време на TikTok кружат видеа во кои Илон објаснува голем број „теории на заговор“, меѓу кои и онаа поврзана со лебот.
Така, овде тој зборува за тоа зошто многу ресторани практикуваат да служат леб долго пред да ја донесат нарачаната храна.
@hub.theories Crazy restaurant hack… #elonmusk #joeroganpodcast #learnontiktok #restaurants original sound - Theory Hub
- Рестораните не се дарежливи, но има мрачна вистина за овој навидум љубезен потег. Имено, неодамна научниците објавија студија за тоа како лебот се вари после јадење. Откриле дека на лебот му се потребни 15 минути за ослободување на шеќери по конзумирањето, а сите знаеме дека лебот делува како шеќер за организмот бидејќи дава енергија. Кога тој шеќер почнува да опаѓа, се чувствуваме уморни и треба да јадеме повеќе за да ја вратиме енергијата. А теоријата вели дека рестораните служат леб пред оброк, бидејќи на тој начин го зголемуваат гладот и ве поттикнуваат да нарачате повеќе храна, вклучително и десерт. И постои студија која потврдува дека рестораните кои служат леб пред оброк продаваат 90% повеќе десерти.