Забава // Занимливости
Има 101 година, не се сеќава на ништо: Но кога ќе седне на пијано, се случува ова
- 26 Август, 2020
На социјалните мрежи кружи видео на 101-годишник, кое допре до многумина.
Видеото, направено во Аруас, Шпанија, кое неодамна беше објавено на Фејсбук каде собра повеќе од четири милиони прегледи, го прикажува 101-годишниот човек на пијано. Според авторите на снимката, тој не се сеќава на ништо заради неговата болест, дури ни на лицата на членовите на неговото семејство.
Но, и покрај неговата напредна возраст и сериозна болест, неговиот музички талент не исчезна. Секој пат кога ќе седне на пијано, неговите мисли го враќаат во неговите помлади години, кога свирел секој ден. „Музиката е чиста магија. Човекот од Аруас има 101 година и не се сеќава на ништо. Но, погледнете што се случува кога ќе седне на пијаното“, пишува веднаш до видеото, кое стана виралено. Погледнете зошто.