Има 42 години и е невина: Во животот бакнала само двајца мажи и сега има план како да го промени животот од корен
Таа во животот бакнала само двајца мажи и сега решила радикално да го промени животот!
Повеќето жени ја губат невиноста во средно училиште, но јас бев „глупа“. Бев совршено среќна што после училиште можам да си одам дома и да гледам телевизија - изјави Мишел во емисијата „Virgin diaries“ на TLC.
Мишел бакнала само двајца мажи во животот, била на состанок само три пати и никој никогаш не ѝ рекол дека ја сака. Никогаш не ја дочекала Новата година со маж, и не водела љубов. Мишел е девица на 42 години.
Сепак, таа никогаш не се откажала да најде партнер, но признава дека едноставно „заборавила“ да ја изгуби својата невиност.
- Отсекогаш сум бил несоцијална. Младите најчесто одат на факултет, јас не, најсреќна бев кога гледав телевизија со мајка ми за време на викендите или заедно подготвувавме ручек – изјави Мишел.
Бакнала само двајца мажи и, како што вели, ниту еден од нив никогаш не видела гол.
- Се обидов да имам врска, но тоа беше голема работа за мене. Кога требаше да бакнам маж, на крајот на вечерта толку се плашев, што буквално повраќав - откри таа.
Мишел е убедена дека токму овој недостаток на сексуално искуство, е причината поради која има толку ниска самодоверба. Затоа им организираше забава на пријателите и семејството и им ја откри оваа тајна.- Се надевам дека објавувањето на вистината ќе побуди интерес, дефинитивно не планирам да умрам како девица. Мислам дека повеќе се плашам да го признаам овој факт отколку од самата интимна врска – изјавила таа пред забавата.
На нејзино изненадување, нејзините пријатели и семејството со ентузијазам ја дочекаа веста, а некои мажи и рекоа дека ја сметаат нејзината невиност „секси“
извор:najzena.rs