Има 50 години, четири жени, повеќе од 30 деца, а преку ноќ станал побогат за милиони

Рудар од Танзанија преку ноќ станал милионер откако ископал две големи парчиња танзанит,  еден од најретките минерали во светот.

Санину Лаизер заработил 7,7 милијарди танзаниски шилинзи, или 3,4 милиони американски долари од продажбата на двете парчиња танзанит, кои биле со тежина од 9,2 и 5,8 килограми.

„Фокусот, решителноста, многу напор и упорност се мојата тајна. Сакам да им се заблагодарам на сите“, изјавил Лајзер.

52-годишниот рудар, кој има четири сопруги со кои има повеќе од 30 деца, ветиl дека ќе заколи една од своите крави за да прослави.

Танзанит е еден од најретките минерали во светот и може да се најде само во мала област во Танзанија на површина од 14 квадратни километри.


Се користи во изработката на накит и украси, а за прв пат се користел комерцијално од компанијата за накит „Тифани“.

Исто така, астролозите сметаат дека овој скапоцен камен има духовни својства, па затоа се бара и како кристал што стимулира разни чакри.

Извор: alo.rs

Бог дава луѓето користат, но сè се враќа: Тажна приказна на еден старец ќе ви ги отвори очите