Има 6 жени, сите живеат во луксузна вила на блудот: Златни кревети, туш со кугли, а една работа е посебна приказна
Една жена сподели како е да се дели партнерот со уште пет жени, велејќи дека дури имаат распоред за водење љубов. Луана Казаки (27) се омажи за Артур О'Урс во 2015 година, а во годините што следеа, уште неколку жени се приклучија на нивното семејство, секоја омажена за Артур.
Инфлуенсерот моментално е „оженет“ со Луана Казаки (27), Емили Соуза (21), Валгутија Сантос (24), Олинда Марија (51), Дамијана (23) и Алманда Албакурки (28). А за да се погрижат сите да си поминат „квалитетно“ со 37-годишниот Артур, сопругите дури смислиле и распоред за водење љубов.
Артур сподели и фотографии од нивната „љубовна палата“, која има кревет од вистинско злато, туш со кугли, садо-мазо зандана и многу повеќе...
Иако нивната неконвенционална врска привлекува големо внимание и коментари во јавноста, Луана инсистира дека тоа повеќе и одговара отколку моногамијата.
„Искрено кажано, пред Артур никогаш не сум била во толку слободна љубовна врска, тоа е ново искуство за мене“, вели Луана и продолжува: „Но, отсекогаш сакав да живеам поинаков облик на љубов од конвенционалната, бидејќи сите мои претходните врски беа моногамни и не функционираа. Другите пет сопруги на Артур ми се како пријателки, одлично се согласуваме“.
Жените и Артур дури воспоставијле распоред на интимни односи за секој да привлече внимание и да се чувствува сакан.
„Многу добро се согласуваме затоа што веруваме во таа форма на љубов“, вели тој. Многу важна работа меѓу сите сопруги и Артур е дијалогот.
„Секогаш се трудиме да зборуваме за се, за да нема недоразбирања. Нашиот распоред за водење љубов работи многу добро за нас, но се разбира, не треба да се држиме до оваа рутина секој ден. Многу патуваме, па понекогаш не ги броиме деновите“, објаснува тој.„На почетокот беше малку комплицирано, но сега функционираме добро“, заклучи Луана.