ИМА ДУРИ 3 ПОСЕБНИ НАЧИНИ! Дали знаете како правилно да држите различни чаши за вино? (ВИДЕО)
Веројатно сте виделе како чашата за вино се држи, но дали знаевте дека секој тип на чаша за
вино си има свое правило по кое треба да се држи.
Доколку сте љубители на вино, сигурно знаете дека чашата за вино никогаш не се држи за горниот дел, каде што всушност се точи виното.
Причината за тоа е што се верува дека вашата дланка ќе ја загрее чашата, а со тоа и ќе ја промени температурата на пијалакот.
Сепак, иако веројатно сте ја држеле чашата за вториот дел, односно за дршката, тоа не е истиот принцип на држење за сите видови чаши.
На Инстаграм се појави видео на кое се гледаат три различни чаши и принципот на држење:
Чаша со пошироко дно се држи веднаш под горниот дел.
Малку потесна чаша се држи во средината на дршката.
А најтесните чаши, кои најчесто се користат за шампањ и пенливи вина, се држат исто така доле, но со другата рака го држите дното на чашата.
Фото: Инстаграм