Има гооолем долг: Колку ѝ дужи Абрамович на Кралицата Елизабета Втора?
По руската инвазија на Украина и западните санкции наметнати на земјата на Владимир Путин и неговите граѓани, многу руски бизнисмени беа тешко погодени, гледајќи како им се замрзнуваат депозитите и средствата надвор од руската територија. Меѓу нив се најдоа и милијардерот Роман Абрамович и сопственикот на англискиот тим Челзи, кој е на листата на најбогати луѓе.
Рускиот бизнисмен не е во можност да и плаќа кирија на кралицата Елизабета за имотот што претходно го купил, а се наоѓа во просторот во сопственост на кралицата Елизабета. Поточно, во 2011 година, Абрамович на своето портфолио додаде луксузна куќа со 15 спални соби во Кенсингтон Парк Гарденс 16 за 90 милиони фунти, додека во 2016 година започна со реновирање кое чинеше 28 милиони.
Меѓутоа, областа каде што се наоѓа куќата и понатаму припаѓа на кралицата Елизабета, а особено на компанијата Crown Estate која ја застапува. Затоа претприемачот е должен да ја плати киријата која се проценува на 160.000 фунти годишно.
Во моментов поради санкции милијардерот не е во можност да ја врати достасаната сума, бидејќи владата на Обединетото Кралство му го замрзна имотот.
Како што се дознава, договорот за закуп е со важност од 125 години, а се вели дека Абрамович сака да ја напушти резиденцијата, како што се случи со сопственоста на Челзи.