Има IQ 198 и пие 50 таблети дневно: Еве зошто Рик користи толку лекови

Рик Роснер е познат во светот по тоа што е неверојатно интелигентен, а пие по 50 таблети дневно!

Интелигенцијата е особина која е тешко да се дефинира во психологијата, но некаде е усвоено разбирањето дека таа претставува човечката способност на снаоѓање во ситуации кои не се вообичаени.

Таа е добива со раѓањето, а нејзиниот развој зависи од работата на себе и образованието. Иако бројките на тестот за интелигенција обично не значат ништо, фактот дека просекот на тој тест е помеѓу 90 и 100 доста кажува за човек кој на него има 198 .

Рик Роснер е еден таков гениј. Работел како сценарист, но и стриптизер, а на светот му е најпознат по неговата неверојатно висока интелигенција. Моментално живее со сопругата во Лос Анџелес и е голем љубител на вежбање во теретана, а својата рутина, како што вели, ја препишува на својата вродена опсесија:

- Опсесијата ми помогна да постигнам такви резултати на тестовите за интелигенција. Но тие тестови се всушност еден куп глупости, кои не ја откриваат вистинската приказна. Луѓето мислат дека паметните луѓе прават паметни работи, но тоа не е вистина, јас сум направил многу глупави работи во мојот живот.


Рик пие преку 50 таблети дневно за различни намени, од коктел со витамини и омега 3 додатоци до лекови за холестерол, висок крвен притисок и чистење на црниот дроб. Сепак, како што вели за Дејли, многу е свесен дека само една третина од лековите што ги пие му помагаат:

- Секојдневно пијам кафе и аспирин, како и експериментална таблета која треба да ги отстрани протеинските наслаги од мозокот, кои предизвикуваат Алцхајмерова болест. Едноставно сакам да бидам жив и здрав што подолго.

Рик моментално работи на книгата „Глупав гениј“ и се надеваме дека ќе ни открие како изгледа животот на натпросечно интелигентна личност.



Фото: Youtube/printscreen