Има повеќе од 30 години, а изгледа како да има 12: „Го мразам ова момче што го гледам во огледало секој ден бидејќи тоа не сум јас

Кога почнале да се појавуваат првите симптоми, ниту родителите на Томаш, ниту лекарите не му поверувале, мислеле дека се‘ е во неговата глава, а потоа била откриена страшна болест, која животот му го направила мачење.

Томаш Надолски од Полска има повеќе од 30 години, но поради ретка болест изгледа како да има 12 години.

Овој несреќен човек, заробен во телото на 12-годишно момче, ја опишал постојаната болка што ја доживува поради реткото пореметување познато како Фабриова болест, кое ги погодува бубрезите, срцето и кожата, а исто така доведува до таложење на одреден тип на маснотии, што значи дека телото не може да ги процесира молекулите на мастите.

„Би сакал да изгледам како маж на моја возраст. Го мразам ова момче кое секојдневно го гледам во огледало бидејќи тоа не сум јас“, изјави Надолски.

Проблемите започнале кога имал 7 години. Почнал да повраќа после секој оброк и да чувствува болки во стомакот, рацете и нозете.

„Пријателите на училиште ме задеваа дека сум скелет и дека сум излегол од Аушвиц. Моите родители беа со скршено срце. Видоа дека нешто не е во ред, но им веруваа на лекарите дека тоа е ментален проблем и дека само треба да јадам повеќе", рекол тој.

Томаш рече дека неговите роднини сè уште го гледаат како дете, што доведе до заострување на односите меѓу нив.

„Кога сум дома, најчесто седам сам во својата соба. Осамен сум и немам доволно поддршка од семејството со години. Оваа болест ми го уништи односот со семејството", открил тој. 

Според него, болеста го уништува секој ден бидејќи луѓето не сакаат да ја прифатат неговата вистинска возраст.

„Еднаш, кога ме запре полицијата, им ја покажав личната карта, а тие ме обвинија дека ја фалсификував“, рече Томаш.

Поради постојани стомачни болки, не може да јаде, па е прикачен на интравенска терапија по 20 часа дневно. Тој зема и лекови против болки, како морфиум, а стапалата му се толку деформирани што мора да носи специјални чевли. 

„Ме боли секој дел од телото, не можам да спијам и да живеам нормално“, изјави на крајот несреќниот млад човек.


Фото: Youtube - screenshoot