ИМАЛЕ 60 СЕКУНДИ ОТКАКО ДОЗНАЛЕ ДЕКА ЌЕ УМРАТ: Биле свесни дека доаѓа крајот-еве што велат експертите за подморницата „Титан“

Патниците кои загинаа во подморницата Титан биле свесни за претстојната катастрофа една минута пред експлозијата, изјави експертот Хозе Луис Мартин.
Шпанскиот експерт за подморници Хозе Луис Мартин сугерираше дека подморницата ја изгубила стабилноста поради електричен дефект кој ја оставил без струја, поради што паднала кон морското дно „како стрела“ со отворот свртен надолу.
Тој процени дека подморницата почнала слободно да паѓа на длабочина од околу 5.600 стапки и паднала „како карпа и без никаква контрола“ на околу 3.000 стапки додека на околу 8.600 стапки „пукнала како балон“ поради брзо менување на притисокот.
Мартин истакна дека патниците биле „еден врз друг“ во застрашувачка целосна темнина во текот на целиот пад, кој траел помеѓу 48 и 71 секунда.
Подморницата Титан ја загуби комуникацијата со својот брод за поддршка во неделата, на 18 јуни, за време на нејзиното спуштање до потонатиот брод Титаник 12.500 стапки под површината.
Неколку дена подоцна беа пронајдени остатоците од подморницата. Се вели дека доживеала „катастрофална имплозија“.