„Имам 34 години и сум невин. Првата девојка ја донесов кај мајка ми на состанок во нашиот подрум. Јас живеам таму“

Тој со мајка му оди во пронаоѓање на девојки. Заедно одат по дискотеки и ноќни клубови. Таа му сугерира кои жени се за него. Таа го гледа додека танцува со нив. По танцот ги запознава...

„Луѓето ме прашуваат како сè уште сум сингл“, вели Американецот Скипи (34) од Јута. Тој е ерген и објаснува дека живее во семејната куќа со родителите. И тоа - во подрумот, пренесува TLC.

„Идеалната девојка веројатно не замислува дека нејзиното идеално момче се‘ уште живее со неговите родители. Не можете ни да замислите колку очајно сакам да имам секс со девојка“, вели Американецот. Тој има кутија во подрумот со еден куп маици на кои испечатил пораки како „Бев со Скипи три минути на состанок и се‘ што добив беше оваа никаква маица“.

Со мајка му Џеки оди во пронаоѓање на девојки. Заедно одат по дискотеки и ноќни клубови. Таа му сугерира кои жени се за него. Таа го гледа додека танцува со нив. А по танцот ги запознава. 

„Внимавам на девојките“, вели мајката. А Скипи додава дека сака неговата девојка и мајка му да бидат навистина добри пријателки.

Му помага и неговиот пријател Џими. Му организирал домашна забава за да му најде девојка.


„Џими има мускули, но јас имам личност. Јас сум смешен, хумористичен. Јас сум прекрасен и навистина добар човек и ако ме запознаете, ќе го сфатите истото“, се пофали Скипи. Пријателот вели дека се обидува да му помогне со совети, но Скипи навистина не слуша.

Скипи излегол на состанок со девојка по име Стефани, и целиот настан го снимил на видео. Ја однел во својот подрум. 

„Добре дојдовте во мојата соба“, и рекол тој. Но, кога почнал да ја испрашува за бројот на мажите и за имињата на децата... на девојката ѝ паднало расположението. Потоа ѝ донел гитарист и ја замолил да танцува.

„Ми се допаѓаат ниските девојки за да можам да ги гушнам, да ги прегрнам додека танцуваме“, рекол тој. Ѝ подарил и цвеќе.

„Може ли, те моооолам, да те бакнам“,  ја прашал на крајот.

„Не се бакнувам на првиот состанок“, го одбила таа. И така Скипи останал без уште една шанса...


Фото и Видео: Фејсбук