Имам нож. Доколку некој го повлече јажето ќе го пресечам: Виси на зграда и бара да разговара со Трамп
Во пресрет на амерканските претседателски избори, веројатно ќе се изнагледаме еден куп бизарни настани, како овој. Имено, Едно младо момче се качило на кулата Трамп со јаже, барајќи да разговара со Доналд Трамп.
Човекот, кој има околу 20-тина години, од околу 17:30 часот висел од балконот на 16-тиот кат во кулата, барајќи да разговара со претседателот и обидувајќи се да ја пренесе неговата порака до медиумите, според портпаролот на полицијата во Чикаго, Том Ахерн. Полициските службеници на местото на настанот соопштиле дека веруваат дека човекот користел ремен за качување.
Човекот се заканил дека ќе се самоубие, соопшти полицијата во Чикаго.
„Не сакам да умрам, но ако некој се обиде да го повлече јажето, ќе скокнам и ќе умрам. Имам нож. Доколку некој го повлече јажето ќе го пресечам“, вели тој.
Момчето тврди дека Трамп ветил нешто и тоа мора да го исполни.