Марко Божиновски македонски младински репрезентативец починал на 20 години. Божиновски е ракометар на Бутел.
„Со неизмерна тага и неверување испраќаме последен поздрав за прераната смрт на македонскиот младински репрезентативец Марко Божиновски.
Почивај во мир, сочувство до семејството, велат од Македонската ракометна федерација.
Точните прични за смртта не се официјални, а се шпекулира дека станува збор за срцев проблем. Првично играше во Металург.Пред неполна недела на 24 години почина голманот на РК Охрид, Никола Даниловски-Џамбо.