Импресивно: Руси направија реплика на Кеопсoвата пирамида во дворот
Двојка од Русија направија реплика на Големата пирамида на Гиза во нивниот двор, позната како Кеопсова пирамида.
Пирамидата е 19 пати помала од оригиналот и е изработена од бетонски блокови, наместо базалт како во Гиза.
Сепак, репликата е импресивна - висока е девет метри и се спушта на истата длабочина под земјата. Секоја страна е долга 13 метри, а структурата тежи 400 тони, пренесува Euronews.
Двојката внимаваше на деталите за време на изградбата.
Навистина се обидовме да постигнеме точни големини, до еден сантиметар точност, на вистинско ниво, со точни големини, совршени и ништо помалку - вели Андреј Вахрушев, сопственик на пирамидата.
Според него, блоковите што ги користеле се различни, но сепак ова е монолитна структура.
- Вршевме внимателни пресметки во однос на ѕидот, правејќи го на посебен начин за да биде што е можно поблизу до оригиналот - посочува тој.
Двојката помина две години истражувајќи дизајн и материјали, а неколкупати оделе во Египет пред да започнат со изработката во јуни 2019 година.
Нивните соседи се воодушевени.
- Викторија и Андреј се нормални соседи, пријателски расположени и она што го направија ме инспирира да направам нешто поразлично - вели нивниот сосед.
Пирамидата се наоѓа во селото Истинка, на околу 12 километри пред Санкт Петербург.