Инспектор Јосип, мускулестото момче на Данијела Мартиновиќ: Хрватките го нарекуваат „какав мачак“

Откако ја раскинаа повеќедецениската врска со пејачот Петар Грашо кој неодамна се ожени и стана татко, Данијела Мартиновиќ среќата ја пронајде покрај згодниот инспектор Јосип Плавиќ. Нивната врска трае од минатата година, откако адвокатот на Данијела пријави случај на кражба на идентитет.

Хрватската пејачката Данијела Мартиновиќ го направи познат инспекторот кој стана популарен откако јавноста дозна за нивната врска. Многумина беа воодушевени од неговата и романсата на Данијела, но и од неговиот изглед.

Имено, Јосип доби премногу комплименти поради неговиот физички изглед, поточно поради мускулестите раце.

Неодамна за медиумите таа изјави:

-Јосип и јас сме повеќе од убава двојка. Но, кога станува збор за мојот приватен живот, не сум навистина навикната да зборувам за тоа, но навистина сум исклучително среќена. Јосип е моето пристаниште, изјави таа.

Фото:DanijelaMartinovik/instagram/24rsarhiva