Ѕирнете во викендицата на Силвестер Сталоне што ја купи за 18,2 милиони долари! Одмара на 970 квадрати! (ФОТО)
Имотот го купил
во луксузниот дел на Лос Анџелес, каде што живеат и семејството Кардашијан, Вил
Смит, Џастин Бибер ...
Силвестер Сталоне пред неколку месеци купи имот во популарниот дел на Лос Анџелес за 18,2 милиони долари.
Откако тој и неговата сопруга ја продадоа својата куќа на Беверли Хилс на пејачката Адел за 58 милиони долари, тие купија вила во Мајами за 35 милиони долари и сега се жители на Флорида. Меѓутоа, на Сталоне му била потребна и викендица во близина на Лос Анџелес, поради што купил прекрасен имот во Хајден Хилс за „ситни“ 18,2 милиони долари.
Инаку, во оваа населба живеат многу познати личности, а тоа е речиси затворена заедница која е целосно заштитена од јавноста, покриена со камери и со приватно обезбедување.
Во оваа популарна област живее семејството Кардашијан, поточно секој од нив има посебен имот, а тука се и Џастин Бибер, Бритни Спирс, Дрејк, а од неодамна и Вил Смит.
За разлика од нив, Сталоне очигледно повремено ќе останува овде. Неговата викендица има дури 970 метри квадратни метри и се наоѓа на 2,6 хектари. Има и куќа за гости, куќа за базен и штала за коњи. Централната куќа има четири спални соби и шест бањи.
Секоја спална соба има сопствена бања, има пространа кујна со гранитни површини, потоа градина со камени подови и стаклени ѕидови, библиотека, празнична трпезарија, винарска визба со соба за дегустација, додека горе е работен простор.
Главниот дел од куќата има двојни гардероби, перална, СПА бања, а главниот СПА центар се наоѓа во близина на базенот. Гаражата е наменета за четири автомобили, имотот има безбедносен систем, а куќата има прекрасен поглед.
Вилата е сместена во двор меѓу бујно зеленило и се‘ е обезбедено само за уживање.
Фото: Профимедиа/Youtube-screenshoot