Ирската куќа на мртвите: Импресивно место каде што се случува вистински феномен секој декември!
Newgrange или „Куќа на мртвите“ во Ирска се наоѓа на околу 50 километри северно од Даблин, сместена на еден рид покрај реката Боин.
Изградена е пред повеќе од 5200 години, но откриена е дури на крајот на 17 век, на којаслучајноналетале земјоделци. Таа е една од најстарите сочувани градби во светот.
Освен коските и пронајдени предмети, археолозите наидоа на необично откритие и заклучија дека кружниот гроб имал астролошко, церемонијално и религиозно значење.
За да се изгради Newgrange, луѓето морале да транспортираат 200.000 тони камен!
Но, ова место е уште пофасцинантно од тоа. Неговата позиција е совршено усогласена со изгрејсонцето, чија светлина целосно ја осветлува комората само еден ден годишно - во зимскиот период околу 21 декември. Во тој период, сончевата светлина го осветлувала гробот само 17 минути. После тоа, повторно владее темнината.
Овој феномен не е случајност, туку резултат на знаење и вештини на луѓето што ја граделе гробницата.
За да го видите светлосното шоу во живо, треба да играте лотарија и да се надевате дека ќе имате среќа да добиете билет. Сепак, приливот е голем, а секоја година се пријавуваат 10.000 луѓе.
Има само 60 билети, а секој добитник може да земе по желба едно лице со кое ќе присуствува на феноменот од 18 до 23 декември и да ја види светлината што пробива низ тунелот.
За жал, билет не е гаранција дека ќе го видите светлосното шоу - во случај на магла, дожд или облаци, сончевите зраци нема да стигнат до гробот.