Ископа компир што личи на нејзиното куче: Сè уште се смеам

Градинарка од Велика Британија ископа компир кој наликува на нејзиното куче, а фотографиите воодушевија многумина на социјалните мрежи.

Џоан Гаџер (47) од Атерстоун вели дека ја испратила фотографијата на нејзиниот партнер, кој коментирал како компирот изгледа исто како нивното куче Дејв.

Гаџер вели дека тие не сакале да го јадат тој компир затоа што „такво ремек-дело тешко може да се најде“.

„Сè уште се смеам затоа што никогаш повеќе нема да одгледувам компири што личат на моето куче.

Џоан откри дека нивното куче страда од неизлечива болест, па овој изум ги развесели.

Таа одлучи да ја сподели фотографијата од компирот во неколку групи на Фејсбук и стана хит. „Сите се шегуваа во коментарите дека би биле претпазливи кога копаат компири случајно да не ископаат кученце“, рече таа.