Исланд докажа дека работа четири дена во неделата е најдоброто нешто- ни стрес ни замор

На Исланд, повеќе од 2.500 работници учествувале во експерименталната четиридневна работна недела, што претставува околу 1% од работоспособната популација на Исланд.

Од 2015 до 2019 година, тестирале четиридневна работна недела, односно работниците земале иста плата за помал број работни часови.

Сега резултатите се објавени кои покажуваат дека експериментот бил „исклучително успешен“ и многу работници преминале на скратено работно време, пишува Би-Би-Си.

Продуктивноста остана иста или зголемена на повеќето работни места за време на експериментот, велат истражувачите.

Слични тестови сега се спроведуваат низ целиот свет, вклучувајќи ги Шпанија и Нов Зеланд.

Сè се одвивало под покровителство на Градскиот совет на Рејкјавик и националната влада.

Многу работници преминале од 40-часовна работна недела во 35 или 36-часовна недела, велат истражувачите од британскиот тинк-тенк Автономија и Здружението за одржлива демократија (Алда) на Исланд.

Засега, 86% од работната сила во Исланд или се префрлиле на работа со скратено работно време за иста плата или само ќе се стекнат со право на тоа, велат истражувачите.

Работниците под помалку стрес, се чувствуваат подобро

Работниците изјавиле дека се под помал стрес, а тие исто така тврдат дека се чувствуваат поздраво, како и дека имаат подобра рамнотежа меѓу работинот и приватниот живот.