„Испишавме историја“! Американската сонда успешно стигна до астероид- 330 милиони километри далеку во вселената!
Четири години по лансирањето, американскиот вселенски брод Озирис-Рекс во вторникот успеа да стапи во контакт со астероидот Бену, во обид да собере неколку десетици грама прашина, објави НАСА.
Операцијата, која траеше 16 секунди, бараше голема прецизност и беше успешно изведена на растојание од дури 330 милиони километри од Земјата. Слики од примероци од астероидот ќе пристигнат на Земјата во среда навечер, додека сондата треба да се врати на Земјата во 2023 година.
„Сè помина совршено. Вечерва испишавме историја “, рече Данте Лоретто, шефот на мисијата, неколку минути по контактот.
Сондата долга шест метри кружи околу Бену од крајот на 2018 година за да се подготви за оваа многу сложена операција, изведена од робот со упатства испратени до него од инженерите на НАСА и Лохид Мартин.
Минатата година Јапонија успеа со својата сонда „Хајабуса2“ да собере мала количина прашина од друг астероид, Рјугуа, и е на пат назад, а враќањето е закажано за декември. Со Озирис-Рекс, НАСА сака да собере повеќе фрагменти, најмалку 60 грама, што се надева дека ќе ги открие оригиналните состојки на Сончевиот систем.