Исповед на жена која ја напушти црквата: „Бев дебела и несреќна, сега ги продавам своите голифотки, а вака реагираше мојот сопруг“

Една жена од Северна Каролина решила да раскаже како нејзината одлука да ја напушти црквата влијаела на нејзиниот брак

Откако ја напушти „Црквата на Исус Христос“, Скајлер ја замени молитвата со порнографија. Таа собра 168.000 следбеници на Инстаграм, со кои со задоволство ги споделува своите разголени селфиња.

Мајката на две деца во интервју за „Џем прес“ откри и како ја „избркале“.

- Другите мајки ме избегнуваа на утакмиците на моите деца, а еднаш дури и плачев во фризерскиот салон откако фризерката рече дека не се согласува со тоа што го правам - рече Скајлер.

View this post on Instagram

A post shared by iamskylerxo (@iamsk_ylerxo)


Скајлер се приклучила на мормонската црква во нејзините дваесетти години откако го запознала својот сопруг кој бил мормон. Таа раскажа како на почетокот напредувала во верата и како склучувала блиски женски пријателства. Но, таа и нејзиниот сопруг набрзо се умориле од „ригидноста“ на религијата.

- Не беа дозволени никакви пороци. Без пиење, без пушење. Дозволен е само шеќер. Количината на храна што ја јадевме доведе до тоа и двајцата да се здебелиме и тоа влијаеше на нашиот брак. Стана брак без физички контакт. Престанав да изгледам добро за мојот сопруг, моравме да излеземе од тоа.

Кога ја напуштила црквата пред четири години, Скајлер открила дека таа и нејзиниот сопруг имале најдобар секс. Набрзо почнала да прави заводливи селфиња и да ги споделува на Инстаграм, а отворила и профил за возрасни.

View this post on Instagram

A post shared by iamskylerxo (@iamsk_ylerxo)


- Еден ден ми се јави од мајка на пријателка на ќерка ми и ми кажа дека моите објави не се соодветни и дека повеќе нема да ни ја донесе ќеркат ѝ кај нас. Се чувствував курва - се присети Скајлер и додаде дека срцето ѝ било скршено откако го уништила пријателството на ќерка си. Но, и покрај тоа што предизвикала гнев кај поранешните пријатели, нејзиниот сопруг е пресреќен. Таа тврди дека новата работа и овозможила да го зацврсти бракот.

„Откако бев домаќинка толку години, сега се чувствувам секси и ослободена“, заклучила таа, објави Њујорк пост.


Фото: Инстаграм