Исповед на жена од Македонија за чудотворната моќ, на моштите на Свети Јован Крстител: „Имав неколку спонтани абортуси, проблематичен син и повторно добив благослов за втор пород“
Христијанските верници сведочат на најразлични чуда. Едно такво сведоштво е на жена од Македонија која на самата себе почувствувале чудотворна моќ, на иконата и моштите на Свети Јован Крстител, како и на другите Светињи во Бигорскиот Манастир.
Сведоштвото ви го пренесуваме интегрално, како што е објавено на веб страницата на Бигорскиот манастир:
„Сакам со моево писмо да посведочам за тоа што ми се случи мене и на моето семејство при посетите на Бигорскиот манастир. Во декември месец 2021 година бевме на викенд во Маврово со сопругот и 9-годишниот син. Јас поминував во депресија заради скората биохемиска бременост и многуте хормони кои ги примав заради борбата за второ дете во последните 5 години. Но тоа не беше единствениот проблем со кој се соочувавме. Нашиот син беше проблематичен на многу полиња, имавме дома некој немир и постојано си пререкувавме за сè, јас имав неколку спонтани абортуси, постојано бев под терапија на хормони и бев депресивна.
Мојот сопруг за прв пат се исповеда, јас добив благослов за втор пород и…
Јован (се разбира дека без колебање го доби името) денес има 2 месеци и ни донесе радост дома како што не сме замислувале на овие зрели години. Се роди на Христијански празник иако царски рез ми беше закажан по 2 дена. Секој ден му благодариме на Бога, на Неговиот Крстител, Свети Јован, на Мајката Божја и сите светии за овој дар. Знам дека дојде кога требаше да дојде, во право време. Знам дека патот и искушението беа со причина.
Преблагодарна сум му на игуменот на Бигорскиот манастир, владиката Партениј, за неговата добрина, љубов, благослов и молитви, на монахот кој нè пресретна и ни помогна да заживееме по благословениот пат, како и на сите браќа во Христа од овој свет манастир, што искрено ги сакам како родени браќа.
Чекаме Јован да порасне малку за да нашите посети зачестат како претходно. Бог е милостив!“, стои во сведоштвото на жената.
Фото: Bigorski.org.mk/ Freepik.comИзвор: Bigorski.org.mk